fbpx

Реферум® Сируп

Dextriferron
Сируп 50 mg/5 ml 
Сируп 100 mg/5 ml
ATC  B03A B05
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Дозирањето и времетраењето на третменот зависат од степенот на недостатокот на железо.

Дозирањето со Реферум® сирупот е претставено во следните табели:

Реферум® сируп

50 mg/5 ml

Манифестен (видлив) недостаток на железо

(дневна доза)

Латентен (скриен) недостаток на железо

(дневна доза)

Превенција на анемија

(дневна доза)

Доенчиња до 1 година  2.5-5 ml

(25-50 mg железо)

* *
Деца од 1-12 години  5-10 ml

(50-100 mg железо)

 2.5-5 ml

(25-50 mg железо)

*
Деца над 12 години, возрасни и доилки  10-30 ml

(100-300 mg железо)

 5-10 ml

(50-100 mg железо)

*
Бремени жени  20-30 ml

(200-300 mg железо)

 10 ml

(100 mg железо)

 5-10 ml

(50-100 mg железо)

 

Реферум® сируп

100 mg/5 ml

Манифестен (видлив) недостаток на железо

(дневна доза)

Латентен (скриен) недостаток на железо

(дневна доза)

Превенција на анемија

(дневна доза)

Доенчиња до 1 година * * *
Деца од 1-12 години  2.5-5 ml

(50-100 mg железо)

* *
Деца над 12 години, возрасни и доилки  5-15 ml

(100-300 mg железо)

 2.5-5 ml

(50-100 mg железо)

*
Бремени жени  10-15 ml

(200-300 mg железо)

 5 ml

(100 mg железо)

 2.5-5 ml

(50-100 mg железо)

*Примената на сирупот не е можна, бидејќи не може да се постигне соодветна доза на лекот.


Начин на примена:

Дневната доза може да се земе одеднаш или да се подели на повеќе поединечни дози.

Реферум® сирупот може да се меша со сокови од овошје или зеленчук или да се додаде во храната за доенчиња. Реферум® сирупот треба да се испие во тек на оброк или веднаш после оброк. Лесното пребојување не влијае врз вкусот на сокот или храната на доенчето, ниту врз дејството на лекот.

Приложената мерна лажичка се користи за прецизно одредување на дозата на Реферум® сирупот.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

СОСТАВ

1 лажичка (5 ml) сируп содржи 50 mg Fe (III) во облик на железо хидроксид полималтозен комплекс.
1 лажичка (5 ml) сируп содржи 100 mg Fe (III) во облик на железо хидроксид полималтозен комплекс.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

– Лекување на латентен недостаток на железо.
– Лекување на анемија која е последица на недостаток на железо (манифестен недостаток на железо).
– Спречување на појава на недостаток на железо во бременост.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Примената на Реферум® сирупот е контраиндицирана кај пациенти:
– преосетливи на активната состојка или на било која помошна состојка на лекот,
– со преголема количина на железо во организмот (пример кај хемохроматоза, хемосидероза) или со нарушување во искористувањето на железото (пример кај анемија поради труење со олово, сидероакрестична анемија, таласемија),
– со анемија која не е последица на недосататок на железо (пример хемолитична анемија).

ПАКУВАЊЕ

Кутија со пластично шише со пластично капаче безбедно за деца, со сируп 50 mg/5 ml од 100 ml.

Кутија со пластично шише со пластично капаче безбедно за деца, со сируп 100 mg/5 ml од 100 ml.