fbpx

РЕФЕРУМ® Tаблети за џвакање

Dextriferron
Таблети за џвакање 100 mg
ATC  B03A B05
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Дозирањето и времетраењето на третменот зависат од степенот на недостатокот на железо.

Дневно дозирање на Реферум® за лекување и спречување на недостаток на железо:

Реферум® таблети за џвакање

 

Манифестен (видлив) недостаток на железо

(дневна доза)

Латентен (скриен) недостаток на железо

(дневна доза)

Превенција на анемија

(дневна доза)

Деца над 12 години, возрасни и доилки 1-3 таблети

(100-300 mg железо)

 1 таблета

(100 mg железо)

*
Бремени жени  2-3 таблети

(200-300 mg железо)

 1 таблета

(100 mg железо)

1 таблета

(100 mg железо)

*Примената на таблетите не е можна, поради тоа што e потребна помала доза на лекот.

Дневната доза може да се земе одеднаш или да се подели на повеќе оброци.

Таблетите треба да се земат во тек на оброк или веднаш после оброк.

Реферум® таблетите за џвакање треба да се изџвакаат или проголтаат цели.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

СОСТАВ

1 таблета за џвакање содржи 100 mg железо (Fe3+) во облик на железо хидроксид полималтозен комплекс

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

– Лекување на латентен недостаток на железо.
– Лекување на анемија која е последица на недостаток на железо (манифестен недостаток на железо).
– Спречување на појава на недостаток на железо во бременост.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Примената на Реферум® сирупот е контраиндицирана кај пациенти:
– преосетливи на активната состојка или на било која помошна состојка на лекот,
– со преголема количина на железо во организмот (пример кај хемохроматоза, хемосидероза) или со нарушување во искористувањето на железото (пример кај анемија поради труење со олово, сидероакрестична анемија, таласемија),
– со анемија која не е последица на недосататок на железо (пример хемолитична анемија).

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 таблети за џвакањеод 100 mg (3 блистери по 10 таблети за џвакање)