fbpx

Реципрокс®

Ciprofloxacin

Филм-обложени таблети 250 mg

Филм-обложени таблети 500 mg 

ATC J01M A02
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Дозирањето на таблетите е во зависност од индикацијата, тежината и местото на инфекцијата, чувствителноста на причинителот, реналната функција на пациентот и телесната тежина кај децата и адолесцентите.

Траењето на терапијата зависи од тежината на болеста и од клиничкиот и бактериолошкиот статус.
Терапијата на инфекции, предизвикани од одредени бактерии (на пр. Pseudomonas aeruginosa, Acinetobacter или Staphylococci), може да бара повисоки дози на ципрофлоксацин и коадминистрација со други соодветни антибактериски лекови.
Терапијата на некои инфекции (на пр. инфекции во малата карлица, интраабдоминални инфекции, инфекции кај неутропенични пациенти и инфекции на коските и зглобовите) може да бара коадминистрација со други соодветни антибактериски лекови во зависност од причинителот.

За повеќе информации за дозирање и начин на употреба причитајте ТУКА.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 250 mg ципрофлоксацин (во форма на ципрофлоксацин хидрохлорид монохидрат), помошни супстанции.
1 филм-обложена таблета содржи 500 mg ципрофлоксацин (во форма на ципрофлоксацин хидрохлорид монохидрат), помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Ципрофлоксацин 250 mg и 500 mg филм-обложени таблети се индицирани за терапија на следните инфекции. Пред почетокот на терапијата неопходно е да се обрне внимание на достапните информации за резистентност на ципрофлоксацинот.
Да се земат во предвид официјалните препораки за правилната употреба на антибактериските лекови.
Возрасни
• Инфекции на долните респираторни патишта, предизвикани од грам-негативни бактерии:
– егзацербации на хронична опструктивна белодробна болест;
– бронхопулмонални инфекции при цистична фиброза или бронхиектазии;
– пневмонија.
• Хроничен супуративен отитис медија.
• Акутна егзацербација на хроничен синузит, особено ако е предизвикана од грам-негативни бактерии.
• Инфекции на уринарниот тракт.
• Инфекции на генитален тракт:
гонококен уретритис и цервицитис предизвикани од осетливи соеви на Neisseria gonorrhoeae;
епидидимо-орхит, вклучувајќи ги и случаите предизвикани од осетливи соеви на Neisseria gonorrhoeae;.
инфекции на малата карлица, вклучувајќи ги и случаите предизвикани од осетливи соеви на Neisseria gonorrhoeaе.
• Инфекции на гастроинтестиналниот тракт (на пр. дијареја при патување).
• Интраабдоминални инфекции.
• Инфекции на кожата и меките ткива, предизвикани од грам-негативни бактерии.
• Малигнен отитис екстерна.
• Инфекции на коските и зглобовите.
• Профилакса на инвазивни инфекции, предизвикани од Neisseria meningitides.
• Инхалационен антракс (пост-експозициона профилакса и терапија).
Ципрофлоксацин може да се применува во терапија на неутропенични пациенти со треска за која постои сомневање дека е предизвикана од бактериска инфекција.
Деца и адолесценти
• Бронхопулмонални инфекции кај цистична фиброза, предизвикани од Pseudomonas aeruginosа.
• Комплицирани инфекции на уринарниот тракт и пиелонефритис.
• Инхалационен антракс (постекспозициона профилакса и терапија).
Исто така, ципрофлоксацинот може да се употребува за терапија на тешки инфекции кај деца и адолесценти, доколку тоа се смета за неопходно.
Терапијата со ципрофлоксацин треба да е иницирана само од доктори кои имаат искуство во лекувањето на цистична фиброза и/или тешки инфекции кај деца и адолесценти.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Хиперсензитивност на активната супстанција, на други кинолони или на која било од помошните состојки.
Истовремена примена на ципрофлоксацин и тизанидин.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 10 филм-обложени таблети од 250 mg во блистер пакување.
Кутија со 20 филм-обложени таблети од 250 mg во блистер пакување.
Кутија со 10 филм-обложени таблети од 500 mg во блистер пакување.
Кутија со 20 филм-обложени таблети од 500 mg во блистер пакување.