fbpx

СПАЗМОтроспиум®

trospium

Таблети 5 mg

G04BD09

Се издава на рецепт

Се наоѓа на позитивната листа на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Препорачаната дневна доза е 1-2 таблети три пати на ден (што одговара на 15 до 30 mg троспиум хлорид на ден) или 4 таблети двапати на ден (што одговара на 40 mg троспиум хлорид на ден).

Максималната дозволена дневна доза е 45 mg.

Пациенти со нарушена бубрежна функција
Препорачаната дневна доза за пациенти со сериозно оштетување на бубрезите (клиренс на креатинин <30 ml / мин) е 20 mg, еднаш на ден, пред спиење.

Таблетите SPAZMOtrospium® треба да се земаат со чаша вода, најмалку еден час пред оброкот. Редовно, на секои 3-6 месеци треба да се разгледа потребата за континуиран третман.
SPAZMOtrospium® не треба да се користи кај деца помлади од 12 години, заради недостаток на податоци за безбедност и ефикасност.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

Секоја таблета содржи 5 мг троспиум хлорид, ексципиенси.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Троспиум хлорид е антагонист на мускаринските рецептори. Има спазмолитичко дејство врз мазните мускули.

Троспиум хлорид е индициран при третман на:

– функционални спазми на мазните мускули на гастроинтестиналниот тракт, жолчен меур, билијарниот систем и генитоуринарниот систем;

– постоперативни спазми на мазните мускули на гастроинтестиналниот тракт, жолчниот меур, билијарниот систем и генитоуринарниот систем;

– ургентна инконтиненција и / или зголемена уринарна фреквенција што може да се појави кај пациенти со хиперактивен мочен меур (на пр. идиопатска или невролошка прекумерна активност на детрусорот).

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Таблетите SPAZMOtrospium® се контраиндицирани кај пациенти со позната преосетливост на тросиум хлорид или на кој било од ексципиентите.
Лекот не треба да се користи кај пациенти со тешко хронично воспалително цревно заболување (улцеративен колитис, Кронова болест), токсичен мегаколон, глауком со затворен агол, мијастенија гравис и тахиаритмии.
Лекот не треба да се користи кај пациенти со уринарна ретенција и пациенти со тешко бубрежно нарушување на кои им е потребна хемодијализа.
Поради ограничениот број на податоци за безбедност и ефикасност на троспиум хлорид кај деца, деца под 12 години не треба да го земаат овој лек.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 таблети од 5 мг (2 таблети х 10 таблети).