fbpx

Спиронолактон

Spironolactone

Таблети 25 mg

Таблети 100 mg
ATC C03D A01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Се препорачува употреба на спиронолактон еднаш дневно со оброк.

Возрасни

Конгестивна Срцева Инсуфициенција со Едем

За третман на едем, се препорачува почетна доза од 100 mg на спиронолактон, која може да се дава како поединечна или како поделени дози. Дозата може да се движи од 25 до 200 mg дневно. Дозата на одржување треба да биде индивидуално определена.

Пациенти со Тешка Срцева Инсуфициенција (NYHA класа III – IV)

Врз основа на рандомизирана студија за евалуација на дејството на спиронолактон (RALES), кај пациенти со серумскиот калиум ≤ 5,0 mEq / l и серумскиот креатинин ≤ 2.5 mg / dl, лекувањето треба да започне со доза на спиронолактон од 25 mg еднаш на ден со истовремена употреба на стандардната терапија. На пациенти кои толерираат 25 mg еднаш на ден, може да им се зголеми дозата на 50 mg еднаш дневно, ако е клинички индицирано. На пациенти кои не толерираат 25 mg еднаш на ден, може да им се намали дозата на 25 mg секој втор ден.

Хепатална Цироза со Асцит и Едем

Ако уринарниот Na + / K + сооднос е поголем од 1,0, дозата на лекот е 100 mg на ден. Ако соодносот е помал од 1,0, дозата на лекот е 200-400 mg на ден. Дозата на одржување треба да биде индивидуално определена.

Малиген Асцит

Почетната доза обично е 100-200 mg на ден. Во тешки случаи, дозата може постепено да се зголемува до 400 mg на ден. Кога едемот е под контрола, дозата на одржување треба да биде индивидуално определена.

Нефротски Синдром

Вообичаената доза е 100-200 mg на ден. Спиронолактон нема антиинфламаторно дејство, ниту делува врз основниот патолошки процес. Неговата употреба се препорачува само ако гликокортикоидите сами по себе не се доволно ефикасни.

Дијагноза и Третман на Примарен Алдостеронизам

Спиронолактон може да се употреби како почетна дијагностичка мерка за да се потврди примарен хипералдостеронизам кај пациенти кои се на нормална исхрана.

– Долг тест: Спиронолактон се дава во дневна доза од 400 mg три до четири недели. Корекцијата на хипокалемија и на хипертензија го потврдува сомнежот дека се работи за дијагноза на примарен хипералдостеронизам.

– Краток тест: Спиронолактон се дава во дневна доза од 400 mg во тек на четири дена. Ако нивото на серумски калиум се зголемува за време на администрација на спиронолактон, но се намалува со прекинување на лекот, треба да се земе во предвид дијагноза на примарен хипералдостеронизам. По поставувањето на дијагнозата на хипералдостеронизам со попрецизни тестирања, спиронолактон може да се администрира во дози од 100 mg -400 mg дневно, како подготовка за операција.

За пациенти кои се сметаат за несоодветни за операција, спиронолактон може да се употребува како долготрајна терапија на одржување во најниската ефективна доза која се утврдува индивидуалноза секој пациент.


Постари пациенти
Се препорачува  почеток на терапијата со употреба на најниска доза и постепено зголемување за да се постигне максимален ефект. Треба да се внимава доколу постои тешко хепатално и ренално оштетување,  кое може да го смени метаболизмот и екскрецијата на лекот.

Деца
Почетната дневна доза треба да биде 3 mg на спиронолактон на килограм телесна тежина дадена во поделени дози. Дозата треба да се прилагоди врз основа на терапевтскиот одговорот и толеранција.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 таблета содржи 25 mg спиронолактон, помошни супстанции.
1 таблета содржи 100 mg спиронолактон, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

– Конгестивна срцева инсуфициенција.
– Хепатална цироза со асцит и едем.
– Малигнен асцит.
– Нефротски синдром.
– Дијагноза и третман на примарен алдостеронизам.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Спиронолактон е контраиндициран кај пациенти со:
– акутна ренална инсуфициенција, значително смалување на реналната функција, анурија;
– Адисонова болест или други состојби поврзани со хиперкалемија;
– хиперсензитивност на спиронолактон или на било која од помошни супстанции;
– истовремена употреба на eплеренон или други диуретици кои штедат калиум.
Спиронолактон не треба да се употребува истовремено со други диуретици кои штедат калиум и суплементи на калиум не треба да се дава рутински со спиронолактон бидејќи може да биде предизвикана хиперкалемија.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 40 таблети од 25 mg (4 блистери со по 10 таблети).
Кутија со 30 таблети од 100 mg (3 блистери со по 10 таблети).