Теразосин
Terazosin
Таблети 2 mg,Таблети 5 mg
ATC G04C A03
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
За перорална примена.
Дозата на теразосин треба да се прилагоди во зависност од одговорот на пациентот.
Водич за дозирање:
Почетна доза
Најниска почетна доза за сите пациенти е 1 mg пред спиење и не треба да се надминува во тек на првата недела од третманот. Препораките за почетното дозирање треба строго да се почитуваат, за да се минимизира можноста за појава на акутни хипотензивни епизоди по примање на првата доза.
Последователни дози:
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 таблета содржи 2 mg теразосин (во форма на теразосин хидрохлорид дихидрат), помошни супстанции. 1 таблета содржи 5 mg теразосин (во форма на теразосин хидрохлорид дихидрат), помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Теразосин е индициран за: • третман на блага до умерена хипертензија, • симптоматски третман на уринарна опструкција предизвикана од бенигна хиперплазија на простата (БХП). |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Теразосин е контраиндициран кај: • Пациенти со позната преосетливост кон теразосин, кон други квиназолини (пример празосин, доксазосин, алфузосин, индорамин или тамсулозин) или кон било која од помошните супстанции на лекот. • Кај пациенти со историја на миктурациона синкопа. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 таблети од 2 mg (3 блистера со по 10 таблети). Кутија со 30 таблети од 5 mg (3 блистера со по 10 таблети). |
Скорешни коментари