Тримоксазол®
Sulfamethoxazole + trimethoprim
Таблети (400 mg+80 mg)
Сируп (200 mg+40 mg)/5 ml
ATC J01E E01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Третманот со Тримоксазол® треба да трае најмалку 5 дена, односно треба да продолжи се додека пациентот е без симптоми во период од 2 дена. Ако по 7 дена терапија не настане клиничко подобрување, пациентот треба да се преиспита.
За да се минимизира можноста од појава на гастроинтестинални нарушувања, подобро е Тримоксазол® да се зема со храна или пијалок.
Ворасни и деца над 12 години: 2 таблети наутро и две таблети навечер.
Деца од 6 до 12 години: 5 ml сируп наутро и 5 ml сируп навечер.
Деца од 6 месеци до 5 години: 5 ml сируп наутро и 5 ml сируп навечер.
Деца од 6 недели до 5 месеци: 2,5 ml сируп наутро и 2,5 ml сируп навечер.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 таблета содржи 400 mg сулфаметоксазол и 80 mg триметоприм, помошни супстанции. 5 ml сируп содржи 200 mg сулфаметоксазол и 40 mg триметоприм, помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
ТримоксазолÒ треба да се користи само кога по одлука на лекар, придобивката од третманот го надминува можниот ризик; треба да се земе во предвид примената на еден ефективен антибактериски лек. Ин витро осетливоста на бактериите кон антибиотици, варира зависно од географската местоположба и со тек на времето; при изборот на антибиотска терапија секогаш треба да се земе во предвид локалната ситуација. 1) Третман и профилакса (примарна и секундарна) на инфекции предизвикани со Pneumocytosis jiroveci (P. carinii) кај возрасни и деца. 2) Третман и профилакса на токсоплазмоза, третман на нокардиоза. 3) Третман на инфекции на уринарниот тракт и акутна егзацербација на хроничен бронхитис, каде постои евиденција за бактериска осетливост кон Ко-тримоксзол и постои добра причина да се претпочита примената на оваа комбинација. 4) Третман на акутен отитис медиа каде постои добра причина да се претпочита примената на оваа комбинација. |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
– Позната преосетливост на триметоприм, сулфонамиди или било која составна компонента на лекот. – Бременост – особено во периодот пред раѓање. – Тешка хепатална инсуфициенција или значајно хепатално паренхиматозно оштетување, жолтица. – Сериозни хематолошки пореметувања и порфирија. – Тешка ренална инсуфициенција каде не можат да се вршат повторени мерења на плазма концентрацијата. – ТримоксазолÒне треба да се дава кај новороденчиња во првите 6 недели, освен за третман/профилакса на Pneumocytosis jiroveci (Р carinii) кај доенчиња на возраст од четири недели или поголеми. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со пластично шише со пластично капаче безбедно за деца, со 120 ml сируп од (200 mg+40 mg)/5 ml. |
Скорешни коментари