fbpx

Фолна киселина

Folic acid
Таблети 5 mg
ATC B03B B01
Се издава на рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Бременост

Утврден дефицит на фолна киселина: 5 mg на ден во тек на целата бременост.

Возрасни (вклучувајќи и постари лица)

Мегалобластна анемија предизвикана од дефицит на фолна киселина: 5 mg на ден во тек на 4 месеци: при постоење на малапсорпција може да се применуваат дози до 15 mg/ден. Дефицит на фолна киселина како резултат на примена на лекови: 5 mg на ден во тек на 4 месеци: при постоење на малапсорпција може да се применуваат дози до 15 mg/ден. Превенција на дефицит на фолна киселина кај хронични хемолитични состојби или при ренална дијализа: 5 mg на ден на секои 1-7 дена во зависност од постоечката болест. Превенција на дефекти на неуралната туба кај жени кои планираат бременост, а за кои е познато дека постои ризик: 5 mg на ден почнувајќи пред забременувањето и во тек на првиот триместар од бременоста.

Деца

Кај мали деца треба да се применува фолна киселина во соодветен облик. Мегалобластна анемија предизвикана од дефицит на фолна киселина: Деца на возраст од 1-18 години: 5 mg на ден во тек на 4 месеци: доза на одржување е 5 mg на ден на секои 1-7 дена.Деца на возраст од 12-18 години: 5 mg-10 mg еднаш на ден. Таблетите се наменети за орална примена.

Хемолитичка анемија;нарушувања на метаболизмот: Деца на возраст од 1-12 години: 2.5 mg-5 mg еднаш на ден. Деца на возраст од 12-18 години: 5 mg-10 mg еднаш на ден.

Превенција на дефицит на фолна киселина при ренална дијализа: Деца на возраст од 1-12 години: 250 микрограми/kg (максимално 10 mg) еднаш на ден. Деца на возраст од 12-18 години: 5 mg-10 mg еднаш на ден Таблетите се наменети за орална примена.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 таблета содржи 5 mg фолна киселина.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Фолната киселина припаѓа на групата Б витамини и е неопходна за нормално создавање и созревање на црвените крвни клетки.
Фолната киселина се применува:
За третман на мегалобластна анемија предизвикана од дефицит на фолна киселина како резултат на потхранетост, синдром на малапсорпција (спруе, целијачна болест) и зголемена потреба во период на бременост. Фолната киселина не треба да се применува како монотерапија кај недијагностицирана мегалобластна анемија, вклучувајки и кај деца, пернициозна анемија или макроцитна анемија од непозната етиологија, освен ако не се применува заедно со соодветна количина на хидроксикобаламин.
Превенција на дефицит на фолна киселина како резултат на примена на лекови како фенитоин, фенобарбитал и примидон.
Превенција на дефицит на фолна киселина кај хронични хемолитични состојби или при ренална дијализа.
Превенција на дефекти на неуралната туба кај жени кои планираат бременост, а за кои е познато едка постои ризик.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

• Долготрајна терапија со фолати е контраиндицирана кај пациентите со нетретиран кобаламински дефицит. Ова може да биде нелекувана пернициозна анемија или друга причина за дефицит на кобаламин, вклучувајќи дефицит кај вегетаријанци. Кај постари пациенти, пред да се отпочне со долготрајна терапија со фолати, треба да се направи тест на апсорпција на кобаламин. Фолати дадени на овие пациенти во период од 3 месеци или подолго предизвикува кобаламинска невропатија. При краткотрајна терапија со фолати нема штетни несакани ефекти.
• Фолна киселина никогаш не треба да се применува како монотерапија во третман на Адисонова пернициозна анемија и други состојби на дефицит на витамин Б12, бидејќи тоа може да предизвика појава на субакутна комбинирана дегенерација на ‘рбетниот мозок.
• Фолна киселина не треба да се користи при малигна болест освен доколку како сериозна компликација не се појавила мегалобластна анемија поради фолатен дефицит.
• Познатa хиперсензитивност кон активната состојка или било кој од ексципиенсите.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 таблети од 5 mg во блистер пакување.