fbpx

Халоперидол

Haloperidol
Таблети 2 mg;
Таблети 10 mg;

ATC N05A D01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Халоперидол таблетите се наменети за орална примена.

Дозата кај сите индикации треба да се одреди индивидуално, за секој пациент. Важно е при одредувањето на иницијалната доза, како и при титрација на дозата, пациентот да биде под клиничка опсервација. При одредувањето на иницијалната доза, треба да се земе во предвид возраста на пациентоит, тежината на симптомите, како и претходниот одговор на терапија со невролептици.

Пониски дози на халоперидол треба да се применат кај постари пациенти, изнемоштени и кај пациенти кај кои при претходна примена на невролептици биле појавени несакани дејства. Во овие случаи потребно е вообичаената почетна доза да се преполови, а потоа постепено да се зголемува додека не се постигне оптимален терапевтски одговор.

Потребно е да се применува најниската доза која е клинички ефикасна.

Возрасни

Шизофренија, психози, манија и хипоманија, ментални и проблеми во однесувањето, психомоторна агитација, возбуденост, насилно и опасно импулсивно однесување, органско мозочно оштетување:

Иницијална Доза

Умерена симптоматологија: 1.5-3.0 mg два до три пати на ден.

Тешка симптоматологија/резистентни пациенти: 3.0-5.0 mg два до три пати на ден. Истата почетна доза може да се применува и кај адолесценти и пациенти со резистентна шизофренија, со тоа што кај овие пациенти може да биде потребна доза до 30 mg дневно.

Доза на Одржување

Кога ќе се постигне задоволителна контрола на симптомите, дозата постепено може да се намалува до најниска ефективна доза на одржување, што најчесто изнесува 5 mg дневно или 10 mg дневно. Треба да се избегнува премногу брза редукција на дозата

Вознемиреност и Агитација кај Постари Лица

Иницијална доза: 1.5-3.0 mg два до три пати на ден, да се титрира додека не се постигне ефикасна доза на одржување (1.5-30 mg дневно).

Gilles-de-la Tourette Синдром, Тежок Облик на Тикови и Непрекинато Икање

Почетната доза е 1.5 mg три пати на ден, во зависност од терапевтскиот одговор. Кај Gilles-de-la Tourette синдромот може да биде потребна дневна доза на одржување од 10 mg.


 

Деца

Пореметувања во Однесувањето во Детството и Шизофренија

Вкупната дневна доза на одржување е 0.025-0.05 mg/kg/ден. Половина од вкупната доза се дава наутро, а другата половина вечер, до максималната дневна доза од 10 mg на ден.

Gilles-de-la Tourette Синдром

Кај повеќето пациенти оралната доза на одржување е до 10 mg на ден.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 таблета содржи 2 mg халоперидол, помошни супстанции.
1 таблета содржи 10 mg халоперидол, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Возрасни:
• Шизофренија: третман на симптомите и превенција на релапс.
• Други психози: особено параноидни.
• Манија и хипоманија.
• Ментални или проблеми во однесувањето како агресија, хиперактивност и самоповредување кај ментално ретардирани пациенти и пациенти со органско оштетување на мозокот.
• Како додаток на краткотројна контрола на умерена до тешка психомоторна агитација, возбуденост, насилно или опасно импулсивно однесување.
• Непрекинато икање.
• Вознемиреност и агитација кај постари лица.
• Gilles-de-la Tourette синдром и тежок облик на тикови.
Деца:
• Пореметувања во однесувањето во детството, особено кога се поврзани со хиперактивност и агресија.
• Gilles-de-la Tourette синдром.
• Шизофренија во детска возраст.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Коматозни состојби, депресија на ЦНС, Паркинсонова болест, позната преосетливост на халоперидол, лезија на базалните ганглии.
Како и другите невролептици, и халоперидол има потенцијал да предизвикува продолжување на QT интервалот. Поради тоа, употребата на халоперидол е контраиндицирана кај пациенти со клинички значајни кардиолошки пореметувања, пример, неодамнешен акутен миокарден инфаркт, некомпензирана срцева слабост, аритмии третирани со класа IA и класа III антиаритмици, продолжен QTc интервал, медицинска историја за присуство на вентрикуларни аритмии или торсаде де поинтес клинички значајна брадикардија, втор или трет степен на срцев блок и некорегирана хипокалемија. Халоперидол не смее да се употребува истовремено со други лекови кои го продолжуваат QT интервалот.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 25 таблети од 2 mg во пластичен контејнер.
Кутија со 30 таблети од 10 mg (3 блистера x 10 таблети).