fbpx

Хисперокс

desloratadine

Филм-обложени таблети 5 mg
Се издава на рецепт
ATC R06AX27

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Дозирање

Возрасни и адолесценти (на возраст од 12 години и постари)

Препорачаната доза на Хисперокс е една таблета еднаш на ден.

Интермитентен алергиски ринитис (присуство на симптоми во тек на помалку од 4 дена неделно или помалку од 4 недели) треба да се лекува во согласност со процената на историјата на болеста на пациентот и третманот треба да се прекине после повлекување на симптомите и повторно да се започне со терапија при нивно повторно појавување.

При перзистентен алергиски ринитис (присуство на симптоми во тек на 4 дена или повеќе дена неделно и повеќе од 4 недели), на пациентите може да им се препорача континуиран третман во периодите на изложување на алергени.

Педијатриска популација

Постои ограничено клиничко искуство за ефикасноста од употреба на деслоратадин кај адолесценти од 12 до 17 години.

Безбедноста и ефикасноста на деслоратадин 5 mg таблети, кај деца на возраст под 12 години не се утврдени.

Начин на употреба

Перорална употреба.

Дозата може да се зема со или без храна.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 5 mg деслоратадин.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Хисперокс е индициран кај возрасни и адолесценти на возраст од 12 години и постари за ублажување на симптомите поврзани со:
- алергиски ринитис,
- уртикарија.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Хиперсензитивност на активната супстанција, на некои од ексципиенсите на лекот или на лоратадин.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 10 филм-обложени таблети од 5 mg во блистер пакување.
Кутија со 30 филм-обложени таблети од 5 mg во блистер пакување.