fbpx

Цетиризин

Cetirizine
Филм-обложени таблети 10 mg
Перорален раствор 1 mg/1ml; 120 ml
ATC  R06A E07
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Перорален раствор

Возрасни и адолесценти постари од 12 години: 10mg еднаш дневно како 10ml перорален раствор (2 полни лажички);

Деца од 6 до 12 години: 5mg два пати дневно како 5ml перорален раствор (1 полна лажичка) два пати дневно;

Деца од 2 до 6 години: 2,5mg два пати дневно како 2,5ml перорален раствор (1 половина лажичка) два пати дневно;


Филм-обложените таблети од 10 mg се наменети за примена кај возрасни и деца постари од 12 години.

Возрасни и деца постари од 12 години: 1 таблета (10 mg) еднаш на ден.

Постари пациенти: Податоците укажуваат дека нема потреба од намалување на дозата кај постари пациенти со нормална ренална функција.

Пациенти со умерено до тешко ренално нарушување: Нема податоци за ефикасноста/безбедноста од употребата на цетиризин кај пациенти со ренално нарушување. Бидејќи цетиризин главно се екскретира по ренален пат, во оние случаи каде не може да се примени алтернативна терапија, дозирањето треба да се прилагоди во согласност со реналната функција. Дадена е табела за дозирање на лекот. За да може да се употреби табелата, потребно е да се одреди клиренсот на креатинин на пациентот (CLcr изразен во mL/min).

Прилагодување на дозата кај возрасни пациенти со нарушена ренална функција

Група Клиренс на креатинин (mL/min) Дозирање
Нормална ренална функција ≥ 80 10 mg еднаш дневно
Благо нарушување на реналната функција 50-79 10 mg еднаш дневно
Умерено нарушување на реналната функција* 30-49 5 mg еднаш дневно
Тешко нарушување на реналната функција* <30 5 mg еднаш на секои 2 дена
Краен стадиум на реналната болест – Пациенти на дијализа* <10 Контраиндицирано

*Не се препорачува употреба на Цетиризин филм-обложените таблети кај возрасни пациенти со умерено или тешко нарушување на реналната функција, затоа што моментално достапните филм-обложени таблети не овозможуваат соодветно прилагодување на дозата.

Пациенти со хепатално нарушување: Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со хепатално нарушување.

Пациенти со хепатално и ренално нарушување: Се препорачува прилагодување на дозата (видете “Пациенти со умерено до тешко нарушување на реналната функција”).


Начин на употреба: Таблетата треба да се проголта со чаша вода.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 10 mg цетиризин дихидрохлорид, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Цетиризин се употребува за ублажување на симптомите кај сезонски и целогодишен алергиски ринитис (поврзани со носот и очите) и хронична идиопатска уртикарија.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Преосетливост на активната супстанција, на некоја од помошните супстанции на лекот, на хидроксизин или на било кои пиперазински деривати.
Пациенти со тешко нарушување на реналната функција и клиренс на креатинин <10 mL/min.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 филм-обложени таблети од 10 mg во блистер пакување.