fbpx

Heaven 7® Face Clean (против акни)

 Гел против акни 30 ml

ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА НА МРСНА И ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА

Комбинација од пет природни компоненти ефикасни во смирување на кожата и намалување на создавањето на акни и митесери:

  • Витамин Б3 (Niacin) ги намалува воспалителните процеси на кожата, ја заштитува кожата од бактериите кои предизвикуваат создавање на акни, го помага отстранувањето на мртви клетки и помага порите да се одржуваат отворени, го намалува создавањето на себум (масна супстанција), го спречува губењето на влажноста од кожата, ги намалува фините брчки, иритацијата, црвенилото и пигментациите
  • Бисаболол (етеричното масло од цветот на камилица), ја смирува кожата, има антибактериско дејство и помага при зараснувањето на рани
  • Алантоин, кој е кератолитик, ги отстранува сувите и оштетени клетки на кожата, ја подобрува свежината и сјајот на лицето и ја прави кожата нежна и мазна
  • Пантенол, ја смирува надразнетата кожа, ја подобрува хидратацијата, текстурата и помага при нејзина епителизација
  • Витамин Е (Tocophrerol), антиоксидант кој ги забавува знаците на стареење на кожата, ги раствора површинските масти, делува смирувачки и хидрира

Без парабени и вештачки бои.


Начин на употреба

Секое утро и вечер на темелно исчистена и сува кожа, се нанесува  тенок слој со нежно втривање, на местата каде кожата е масна или каде се присутни акни и митесери.


Состојки         

Aqua/ Water, Propylene glycol, Glycerol, Niacinamide, Panthenol, Tocopherol, Caprylyl glycol/ Ethylhexylglicerin, Carbomer, Bisabolol, PEG/PPG-20/6 Dimethicone, Allantoin, Imidazolinidyl urea, Sodium hydroxide, Fragrance Niva 342030.