fbpx
Реплек Фарм

За Нас

Вашето Здравје, Наша Обврска

Реплек фарм

За Нас

Нашиот концепт и наша основна цел беше изградба и основање на модерна фабрика за производство на лекови и други фармацевтски производи РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ, која беше завршена во 2001 година. Дизајниран, изграден и опремен во согласност со најновите барања за добра производна пракса и најстрогите барања за заштита на човековата средина, денес фабриката е современ, оперативен, високо-стандардизиран производен капацитет, кој произведува повеќе од 150 лекови, регистрирани во нашата земја и на многубројни странски пазари, во согласност со најстрогите барања за квалитет и безбедност на лековите. Наша идна цел е континуирано имплементирање на нови технологии во работењето, изградба на нови капацитети, проширување на палетата на производи, зголемување на бројот на извозните парнери и постигнување на поголема економичност.

За Нас

Мисија, Визија и Вредности

Мисија

Здравје достапно за сите

  • Развиваме нови проекти со можност за брзо регистрирање и пласман на постоечките и на нови пазари по прифатливи цени.
  • Инвестираме во унапредување на квалитетот, терапевтската ефикасност, сигурноста и безбедноста на генеричките лекови кои ги произведуваме.
  • Долгорочно унапредување на соработката со странските и домашните партнери притоа водејки грижа за крајните потрошувачи, нивните потреби.
  • Креирање натпреварувачка работна атмосфера и добра перспектива за развој на работните кариери на вработените.
  • Континуирано зголемување на капиталот на акционерите преку водење на профитабилна, брзорастечка компанија.
Визија

Да бидеме помеѓу десетте водечки фармацевтски компании на постојните и проектираните пазари. Нашата визија ја реализираме преку интензивната работа со цел проширување на производната палета, постигнување најприфатливи цени, одржување и зголемување на нашиот бизнис на постојните и проектираните пазари, привлекување нови партнери.

Вредности
  • Флексибилност и брзина

Широко портфолио и можност за брзо регистрирање и производство на лекови, ОТЦ производи и додатоци на исхрана, за потребите на нашите партнери.

  • Партнерство и пријателство

Континуирано продлабочување и подобрување на односите со партнерите како и пронаоѓање нови партнери за освојување на нови пазари.

  • Ефикасност и економичност

Производство и пласман на квалитетни генерички лекови по прифатливи цени за сите крајни корисници. Со континуирано предизвикување на нивото на трошоците, целиме да обезбедиме најприфатливи цени за нашите производи. Континуирано создавање на вредност за нашите акционери преку водење на профитабилна, брзо растечка компанија.

Неколку зборови од Др. Иван Туџаров

Генерален директор на РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ

 

“Основна дејност на компанијата, од 2001 година, е развој, креирање и производство на генерички лекови во различни терапевтски категории и форми. Некои од нашите најпродавани лекови се: анти-тромбоцити (клопидогрел); хиполипемици (аторвастатин, симвастатин); антипсихотици (рисперидон, оланзапин); анти-инфективни (азитромицин, кларитромицин, ципрофлоксацин); антихипертензивни (лизиноприл, еналаприл) итн. Нашата главна активност е извоз на странски пазари вклучително и маркетинг договори, производни договори и тендерски бизниси, кои се главни двигатели кои придонесуваат за растот на тековното работење. Идните развојните планови на компанијата главно се фокусирани на понатамошно ширење на меѓународниот пазар и развој на палетата на производи од канабис во кој Реплек фарм е пионер и на глобално ниво.”

Реплек Фарм

Сертификати

Сертификат 1

Сертификат 1

Сертификат 2

Сертификат 2

Сертификат 3

Сертификат 3

Сертификат 4

Сертификат 4

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

REPLEK AD
KANOIL

 

Работни часови

Пон. – Пет. / 8.00 – 16.00

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА, ПРОДОЛЖЕТЕ КОН ИСТАТА.

You have Successfully Subscribed!